CMR Versius

Versius е проектиран на начин да им овозможи на хирурзите да изведуваат операции со минимален пристап, така што на пациентите ќе им пружат најдобар квалитет на хируршка нега.
Практичната, иновативна технологија незабележливо се интегрира во текот на работата и одново поставува очекувања од современата роботска хирургија.

Mислетe лапароскопски. Работете роботски.
Versius овозможува слобода на поставување порт на позиција што најдобро би одговарала на потребите на секој пациент, дозволувајќи им на хирурзите да оперираат на ист начин како што се работи лапароскопски со сите придобивки од роботската хирургија.

Систем кој се вклопува во речиси секоја оперативна сала

Versius има мал, лесен и модуларен дизајн кој лесно може да се преместува меѓу одделенијата, и со тоа им помага на болниците максимално да го искористат. Малиот дизајн, овозможен со единствената технологија на V-зглоб, значи дека е погоден за речиси секоја оперативна сала.

Пристап до пациентот во секое време
Versius работи беспрекорно и сигурно со тимот. Роботските раце и страничните единици на креветот може да се постават и прилагодат така што хируршкиот тим има директен пристап до пациентот во текот на целата процедура.

Jaсна комуникација за целиот хируршки тим
Со архитектура на отворен дизајн што вклучува отворена конзола, Versius овозможува јасна вербална и невербална комуникација меѓу хирургот и неговиот тим.

Eргономски корисен
Дали знаевте дека 20% од хирурзите во Велика Британија и 15% од хирурзите во Германија сметаат дека треба да се пензионираат поради физичкиот напор од лапароскопските операции? Versius поседува ергономска конзола која им овозможува на хирурзите да седат или да стојат во удобна положба во тек на операција, со цел намалување на стресот и заморот.
1 Bryter. (2019). (2019). Хирурзи и болки во грбот, слајд 17.