BHS RoboticScope® Роботски 3D дигитален микроскоп

Дисплеј поставен на глава

Нашиот специјално развиен дисплеј поставен на глава (HMD) има клучна улога во управувањето со RoboticScope. HMD ги детектира движењата на главата на хирургот и во согласност со тоа ја контролира роботската камера.

Со HMD хирурзите имаат 2 дигитални микро дисплеи пред своите очи, кои прикажуваат 3D слика од оперативното поле во реално време.

Сензорите во HMD ги толкуваат движењата на главата на хирургот; роботската рака и камерата на главата се движат во согласност со главата со голема прецизност.

Сите важни функции на RoboticScope® може да се изберат и да се користат со лесни движења на главата во текот на операцијата. Менувањето перспектива, зумирањето и фокусирањето – сето тоа може да се направи без да се поместуваат рацете од оперативното поле.

Вашите раце се слободни за операција. Хируршките инструменти остануваат кај пациентот, а Вие можете да оперирате во ергономска положба и без пречки.

Визуелизација со помош на робот за минимално инвазивна хирургија

RoboticScope® е целосно дигитален 3D микроскоп кој може да го менува погледот. Се заснова на дигитална, целосно софтверски контролирана технологија. Се состои од три прецизно координирани главни компоненти. HMD, роботска рака и микроскопска камера.

Веруваме дека хируршкиот микроскоп мора да се прилагоди на хирургот – не обратно.

Сите важни функции и движења на RoboticScope® може да се активираат без употреба на раце.

Само мало движење со главата, и веќе работите! Вашите раце можат да останат на оперативното поле и инструментите не мора да се оставаат настрана.

Во март 2020 година, RoboticScope ® доби CE сертификат како медицински производ од Прва класа. Затоа, RoboticScope® е одобрен за употреба во хируршки операции во Европската Унија.

Нова ера на микрохирургија. Toа e RoboticScope®

Роботска рака

Роботската рака со 6 оски на ротација овозможува прецизни 3D движења на роботската камера над оперативното поле. Точноста од ±0,03 mm овозможува секоја промена во перспективата, дури и најмалата структурна промена, прецизно да се дефинира. Со помош на лесни движења на главата, хирургот може да ги дефинира насоката и брзината на движење и затоа лесно може да ја смени позицијата на операцијата, без да ги користи рацете.

 

Роботска камера

За време на операција, роботската камера е поставена над оперативното поле. Со помош на контролирани движења преку ситуси, камерата лесно се позиционира во различни агли на гледање кои се тешко достапни со стандарден  микроскоп.

Развивме оптика која совршено се вклопува во оперативната сала. Со примена на најновите технологии, создадовме оптимална визуелизација на оперативната сцена.

Произведено во Австрија: Оптиката е развиена, произведена и составена во нашиот производствен центар во Инсбрук.

Кориснички интерфејс

Интуитивниот кориснички интерфејс на RoboticScope® овозможува сите функции на RoboticScope® да се изберат и лесно да се користат. Нема сложени под-менија. Без оглед на зголемувањето и другите параметри, сите функции може да се прилагодат со HMD преку едноставен и интуитивен процес – чекор по чекор. Како резултат на тоа, Вашето внимание ќе биде целосно фокусирано на операцијата.