NHS CMR мислење

„Хирурзите во мојата болница, и низ целата земја, молат за роботи”.

Во „East and North Hertfordshire NHS Trust“, употребата на роботска хирургија во гинекологијата во просек ја намали должината на престојот за два дена по пациент. Во урологијата, пост-хируршката хоспитализација во рамките на Интензивна нега е намалена.

Податоците кои NHS ги објави минатата недела покажуваат дека бројот на луѓето кои чекаат планирано лекување се зголемил на 7,2 милиони кон крајот на декември, а над 406.000 чекаат повеќе од една година – потребата преку здравствени услуги да се намалат заостанатите случаи, да се ослободат кревети и да се намалат здравствените нееднаквости низ Англија е поприсутна од кога и да е до сега.

На веб страниците на „The Times“ можете да прочитате повеќе за улогата на хируршките роботи како што е #Versius за намалување на болничките денови ширум #NHS преку националната стратегија: https://lnkd.in/e7ZBPVTT