Партнери

Нашето портфолио се состои од иновативни производи и решенија од водечки производители и добавувачи на медицинска опрема. Заедно, овие производи создаваат совршена хармонија која ќе ги задоволи сите ваши потреби и ќе ги надмине очекувањата во ОR (oперациони сали), Одделот за интензивна нега (ICU), CSSD (централно одделение за стерилно снабдување), Одделот за радиологија и IT одделот.

CMR Surgical

Креатор на Versius, кој е специјално дизајниран да ги задоволи потребите на пациентите, хирургот и хируршкиот тим. Со обезбедувањето на можноста за операции со минимален пристап,

подобрена прецизност и контрола на сложените процедури, Versius им помага на хирурзите и хируршките тимови да обезбедат висококвалитетна хируршка нега.

BHS RoboticScope

BHS Technologies е творец на BHS RoboticScope – уред кој носи нови стандарди во микрохирургијата, во однос на можностите, ергономијата и севкупните резултати. MIS е ексклузивен дистрибутер за цела Централна и Источна Европа.

GMM Group

GMM нуди комплетна палета на производи кои ги задоволуваат барањата на секој радиолог. Разновидноста,
иновативниот дизајн и најсовремената технологија на системот GMM обезбедуваат висококвалитетно дијагностичко снимање за единиците за радиологија ширум светот.

Medifa

Medifa е глобално активна компанија за медицинска технологија, управувана од сопственик. Портфолиото на производи и услуги опфаќа комплетна палета на модуларни мобилни операциони маси и прибори со системи за ѕид, врата и плафон, како и столчиња за гинеколошки, уролошки и проктолошки прегледи.

TBT Medical

TBT на здравствените работници и на медицинските установи им обезбедува решенија за стерилизација, нудејќи целосен асортиман на производи за сите потреби во поглед на стерилизација.

NMG

NMG е добавувач на решенија по принципот „клуч на рака“, специјализиран за создавање одржливи модуларни и внатрешни решенија за широк спектар на индустрии. Нашиот примарен фокус е на проектирање, градење и опремување простори кои елегантно го комбинираат највисокото ниво на функционалност со неверојатната естетика.

IRRAS

Првиот комерцијален производ на компанијата IRRAS, IRRAflow®, е системот за управување со интракранијална течност од новата генерација кој се состои од патентиран катетер со двоен лумен и контролна единица со сопствен софтвер кои заедно управуваат со дренажата на вишокот течност, интелигентно управуваат со регулацијата на интракранијалниот притисок на пациентот и редовно проактивно го исплакнуваат катетерот за да спречат создавање на оклузии.

Integromed

INTEGROMED е германска компанија која нуди решенија за широк спектар на клинички примени:

Стандардни и хибридни операциони сали, единици за интензивна нега, ходници, станици за будење, централна стерилизација/складирање на стерилни производи и уште многу нешта.

Condor MedTec

Condor MedTec произведува висококвалитетни хируршки уреди за сложени медицински процедури.
Тие не само што ја поедноставуваат вашата работа, туку и долгорочно ќе ве покренуваат да напредувате. Покрај тоа, Condor MedTec е специјализиран за оваа област на медицинска технологија повеќе од 20 години.

Sapphire HMS

Sapphire е комплетно решение кое може да се примени и прилагоди на која било болница или здравствена установа, обезбедувајќи им ја на вашите пациенти услугата што ја очекуваат во најсовремените медицински установи. Беспрекорна интеграција со сите ваши системи, како што се EMR (електронски медицински картони), LIS (систем за лабораториски резултати), RIS (систем за резултати од радиологија), PACS (систем за архивирање) или CDSS (централно одделение за стерилно снабдување).

Fehling Instruments

FEHLING INSTRUMENTS развива и произведува хируршки инструменти, импланти и средства за еднократна употреба кои воглавно се користат во операционите сали. Овие производи се со највисок стандард за квалитет во неврохирургијата (рбетот и мозокот), торакалната, кардиохирургијата и васкуларната хирургија.

COR-KNOT® – LSI Solutions

COR-KNOT® УРЕД е побрз во однос на рачното врзување и нуди сила, безбедност и сигурност кај замена и корекции на срцеви залистоци.

Ondal GermanyOndal Germany

Ondal Medical Systems е ваш сигурен партнер за системи за носачи на панели. Нудиме безброј системски
решенија за сите прилики, од операциони сали и единици за интензивна нега до дијагностички зони и соби за пациенти.

Dräger

Dräger е меѓународен лидер во областа на медицинската и безбедносната технологија. Од 1889 година, производите на Drager штитат, поддржуваат и спасуваат животи.

Scanmodul

ScanModul започна како скандинавска компанија, основана во 1912 година. Започнавме со развој
на мебел за болници и постепено го проширивме нашиот асортиман на производи, кој сега ја опфаќа комплетната понуда
на производи во болниците. Ние сме креатори на ISO-модуларниот концепт за складирање, кој е претставен 1970 година како „ScanModul System“.

Nexon Medical

Nexon нуди иновативни висококвалитетни имплантати и инструменти за хирургија на ‘рбетот со јасни
предности за хирурзите и пациентите. Нашиот тим го поддржува медицинскиот тим пред и за време на операцијата.

7D Surgical

Хируршки систем воден од слика со невидени придобивки. Со 7D хируршкиот систем за навигација на ‘рбетот и черепот, хирурзите пред себе имаат алтернатива на традиционалната хирургија водена со слика (IGS) која сега е економична, брза и без зрачење.